Во првото тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,58 проценти.
Најголем број слободни работни места – 2.103 има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба.
Според податоците на Државниот завод за статистика, највисока стапка на слободни работни места од 4,98 проценти има секторот градежништво, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 0,15 проценти.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,39 отсто.
Скопскиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,80 проценти.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.