еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Најмногу снег има на Попова Шапка, 40 сантиметри

Највисока снежна покривка од 40 сантиметри утрово има на Попова Шапка, во Лазарополе 23 и во Маврово 13 сантиметри, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурите секаде се над нулата, освен во Лазарополе каде што е измерено минус еден степен.

Во Скопје е пет степени над нулата, во Охрид шест, Битола седум, а најтопло е во Штип со осум степени.

Во текот на ноќта беше облачно, во северозападните делови со врнежи од дожд, на планините од снег.

Утрово врнежите се проширени во западните и северните делови од земјава. На повеќе места се уште дува главно умерен ветер од јужен правец. Во Скопската Котлина правецот на ветерот се смени во северен.

И во текот на денов ќе биде облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но главно ќе слабеат по интензитет.

Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.

На повисоките места ќе се формира снежна покривка, а на планините дополнително ќе се зголеми, но поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.

Температурата во текот на денот ќе се намалува, па мaксималните вредности на повеќето места ќе бидат оние измерени утрово, во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе преминат во снег, но ќе ослабат. Ќе дува силен северен ветер. Максималната температура ќе биде околу 5 степени, а преку денот ќе се намалува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велипеток, најтешкиот ден во годината

Редакција

(Фото) Александра Заева во Истанбул

Редакција

(Видео) Во битолско Кравари по крстот скокаа и три девојки, крстот го фати една од нив

Редакција