Првото издание на „Beach Film Festival” кое ќе се одржува од денеска до недела во Охрид свечено ќе го отвори хрватскиот филм „Осмиот комесар“. Филмот почнува во 21 часот, а билетот чини 150 денари.
По проекцијата на филмот „Осмиот комесар” (Osmi povjerenik ) атмосферата на Orevche Beach – Плажа Оревче ќе ја загрее македонската група “ Rib ”. Јане, Ивица, Џано и Филип кои го сочинуваат овој бенд најавуваат одлична забава. Нивната свирка почнува точно на полноќ.
По нив следува електронското дуо Cyrillic (Андреј Иваноски & Бојан Иваноски) кое е долго активно на македонската клупска сцена и препознатливо по својот уникатен стил и енергични сетови.
За посетителите, организаторот обезбеди и бесплатен превоз во текот на сите 4 фестивалски дена.
Релација: Охрид ( Гимназија “Св. Климент Охридски”) —-> плажа “Оревче” 20:00 и 23:00 часот
Релација: Плажа “Оревче” —–> Охрид ( Гимназија “Св. Климент Охридски”) 01:00 и 03:00 часот.