еМагазин
Image default
Македонија

На преминот Морина уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница

Албанската полиција на граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница, кај Кукс, уапси македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од македонските власти.

Според полициското соопштение, по М.А.(32) била распишана меѓународна потерница за кривично дело „рабојништво“.

-За време на обработката и верификацијата на податоците во системот, при влез на албанска терторија, М.А.(32) се покажа како меѓународно бараното лице од Интерпол Северна Македонија, откако Обвинителството на Кичево, Северна Македонија, издало меѓународна потерница за него, за кривично дело „разбојништво“, соопштува полицијата.

По истражните дејствија, Секторот за истрага на криминал во Кукс издал налог за привремено апсење, а во соработка со Обвинителството на Кукс и Интрепол Тирана се преземаат со закон предвидените активности, по што М.А. ќе биде екстрадиран во македонската држава, врз основа на „Европската конвенција за екстрадиција“ од 1957.

Минатиот месец албанската полиција на истиот граничен премин го уапси македонскиот државјанин Р.М.(25), жител на Скопје, баран со меѓународна потерница издадена од австриските власти, за кривични дела-разбојништва.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се причините: Сашо Мијалков и Никола Тодоров пред исклучување од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Власта и опозицијата се усогласија околу Законот за спречување корупција 

Редакција

Владата предлага воведување на вонредна состојба веднаш

Редакција