еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На продажба запленети станови и деловен простор во Скопје по багателни цени

Агенцијата за управување со одземен имот на јавно наддавање закажано на 28 јануари, годинава ќе понуди на продажба станови и деловен простор.

Се врши продажба на недвижен имот во Карпош со површина од 57,05м2, со почетна продажна цена 1.026.900 денари.

На продажба се нуди и стан на ул. Васил Ѓоргов во Скопје со внатрешна површина од 79 м2, и помошни површини (лоѓии, балкони, тераси), со површина од 10 м2 со почетна продажна цена од 3.820.380 денари.

Се врши продажба на деловен простор  на ул. Ј.Мишиќ ББ во Скопје со внатрешна површина од 61 м2 со почетна продажна цена од 1.251.648 денари.

На јавно наддавање се нуди и стан кој се наоѓа на ул. Леринска во Скопје со внатрешна површина од 111 м2 и помошни простории (лоѓии, балкони, тераси) со површина од 7 м2 со почетна продажна цена од 6.057.873 денари.

Агенцијата нуди и стан, кој се наоѓа на ул. Питу Гули во Скопје со внатрешна површина од 162 м2, помошни простории лоѓии, балкони и тераси на приземје со површина од 26 м2, помошни простории на сутерен број 1, со површина од 21 м2 и гаража на сутерен со површина од 27 м2 со почетна продажна цена од 6.975.404 денари.

Повеќе детали ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владимир Тодоровиќ не е повеќе во домашен притвор, прв ги почуствува поволностите од измените на Кривичниот законик

Редакција

Жителите на Кочани кои побараа лекарска помош поради вдишување на чад се пуштени дома

Редакција

Две лица заразени од корона вирусот починаа на штипското Инфективно одделение

Редакција