Поради драстичниот пад на вредноста на руската рубља и зголемување на инфлацијата, Централната банка на Русија ја зголеми референтната каматна стапка од 9,5 на 20 отсто годишно.
„Надворешните околности за руската економија драстично се променија. Подигнувањето на основната стапка ќе овозможи зголемување на каматните стапки на депозитите до нивото потребно за неутрализирање на ризиците од растечката опасност од девалвација и инфлација.
Ова ќе ја поддржи финансиската и ценовната стабилност и ќе ги заштити заштедите на граѓаните од девалвација“, велат од Банката.
Ова е највисокото ниво на референтни каматни стапки што Русија некогаш го имала. Претходното рекордно ниво од 17 отсто имаше во декември 2014 година, година во која почна конфликтот со Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Руската рубља драматично паѓа, Русите панично вадат пари од банкоматите
И Швајцарија која е секогаш неутрална, ги усвои санкциите на Европската унија против Русија