еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

И Швајцарија која е секогаш неутрална, ги усвои санкциите на Европската унија против Русија

И Швајцарија, која е секогаш неутрална ги усвои санкциите на Европската унија против Русија.

Швајцарската влада најави замрзнување на средства, пренесуваат светските агенции.

„Со оглед на континуираната воена интервенција на Русија во Украина, Федералниот совет на 28 февруари одлучи да ги усвои пакетите санкции наметнати од ЕУ на 23 и 25 февруари“, се вели во соопштението на Владата.

Земјата исто така усвои и финансиски санкции за рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Санкциите стапија на сила веднаш.

„Швајцарија ја потврдува својата солидарност со Украина и нејзиниот народ. Таа ќе доставува резерви на помош за луѓето кои побегнале во Полска“, соопшти швајцарската Влада, која повторно понуди да посредува меѓу Украина и Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Финска донесе „историска“ одлука да и испорача оружје на Украина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Што нуди „DoubleTree by Hilton“ кој почнува со работа утре

Редакција

Обвинителството побара притвор за велешанецот кој усмрти 11-годишно девојче

Редакција

Вкупно 372 деца до 9-годишна возраст заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција