еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Финска донесе „историска“ одлука да и испорача оружје на Украина

Финска донесе „историска“ одлука да и испорача оружје на Украина по руската инвазија на нејзиниот прозападен сосед, објави премиерката Сана Марин.

„Финска ќе обезбеди воена помош за Украина. Тоа е историска одлука за Финска“, изјави Марин на прес-конференција.

Поголемиот дел од Финците сега се за влез во НАТО, според анкетата објавена вчера што се толкува како историска промена во ставот и голема промена во споредба со пред само неколку месеци.

Според анкетата, нарачана од јавниот радиодифузен сервис Yle, 53 отсто од Финците го поддржуваат пристапот на нивната земја во воената алијанса, 28 отсто се против, а 19 отсто не биле сигурни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Швајцарија која е секогаш неутрална, ги усвои санкциите на Европската унија против Русија

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гаши: Утре пратениците на Алтернатива ќе гласаат за недоверба на Владата

Редакција

(Видео) Пожар кај Чешиново-Облешево, мобилизирани пожарникари и доброволци од Кочани

Редакција

(ФОТО) Пена тече од фонтаните во центарот на Струмица

Редакција