еМагазин
Image default
Македонија

На судењето за „Траекторија“ презентирани дописи за изборот на „Синохидро“ за изградба на автопатите

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судското рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Траекторија“ со изведување докази, меѓу кои дописи, меморандуми, понуди… во врска со постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова презентираше дописи меѓу Амбасадата на НР Кина и Министерството за транспорт и врски во врска со препорака за кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатот Миладиновци – Штип, како и потпишани меморандуми за разбирање меѓу Министерството за транспорт и врски и компанијата „Синохидро“.

На обвинетите на рочиштето им беше дозволено користење на лап-топ за полесно да го следат изведувањето на доказите.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кому му се суди во отсуство, бидејќи е во бегство, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според СЈО му нанеле штета на државниот Буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата-иведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД: Преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија да започнат што е можно побргу 

Редакција

Македонските граѓани во Словенија да ги напуштат загрозените области, повика МНР

Редакција

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал“

Редакција