еМагазин
Image default
Македонија

На судењето за „Триста“ се изведуваа материјални докази

Со изведување на материјални докази денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи повторената постапка против поранешниот помошник министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Се презентираа документи за јавната набавка на возилата, меѓу кои понуди и преписки за возила, каматни стапки, царински декларации и пресметки и фактури за одржување и сервисирање.

Според обвинението на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.

Процесот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е обвинителот од СЈО, Стефчо Донев.

Судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност, а во декември минатата година Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда и случајот „Триста“ го врати на повторно судење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синот на Џафери положил правосуден пред да дипломира, велат од Антикорупциска, ама Министерството за правда не ја чува документацијата за да тоа се докаже

Редакција

Нов обид: Поднесен Предлог закон Македонија да стане една изборна единица

Редакција

И во Дебар се оди на плажа, препораките за заштита не се почитуваат

Редакција