еМагазин
Image default
Македонија

На судењето за „Триста“ се презентираат писмени докази

Со презентација на писмени докази во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Триста” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој е обвинет поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на МВР.

Обвинителот од СЈО, Стевчо Донев презентираше службени документи од МВР, меѓу кои решенија, извештаи,  известувања за понуди за набавка на возила, одлука за избор на најповолна понуда….

Судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност, а во декември минатата година Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот и го врати на повторно судење.

Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупни затворски казни од 55 години и 10 години условни казни за 11 обвинети во „Таргет-Тврдина“

Редакција

Мицкоски на лидерската нема да се согласи за промена на Уставот

Редакција

Изминатото деноноќие 329 прекршоци за неносење маски

Редакција