еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

На свечениот ручек за папата Франциск ќе бидат послужени вина на винарницата „Стоби“

Папата Франциск за време на неговата историска посета на земјава утре (7 мај) ќе биде послужуван со ексклузивни вина на винарницата „Стоби“.

Најквалитетните вина на оваа винарница ќе се служат на свечениот ручек што ќе се организира во чест на папата Франциск и на кој, освен Светиот Отец, ќе присуствуваат и кардинали, бискупи и други високи гости, но вината ќе се служат и на сите други свечени собири во деновите пред доаѓањето на папата во Скопје организирани за високи гости.

На свечениот ручек организиран во чест на папата ќе се служат едни од најквалитетните вина на винаријата „Стоби“ од кои дел освоиле најпрестижни светски награди, односно белото вино „р’кацители“, розе вино „розе алегро“, црвеното вино „аминта“ и десертното вино „роксана“.

– Навистина сме почестени што Скопската Бискупија, како дел од организаторите на доаѓањето на папата во Скопје, ни ја даде својата доверба и ги оцени вината на „Стоби“ како најдоброто од нашата земја со кое треба да се претставиме пред толку значајна личност како што е папата Франциск. Задоволството е огромно, особено затоа што се работи за историски настан кој е од многу големо значење за земјава и целиот регион. Довербата што ни ја укажа Скопската Бискупија е само потврда дека нашите заложби да направиме вина со врвен квалитет даваат вистински резултат – велат од винарницата „Стоби“.

Винарницата „Стоби“ обезбеди подароци за папата Франциск, како и за сите членови на високата делегација кои ќе присуствуваат на свечениот ручек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професорите Мијакоски и Столески дел од европско истражување посветено на алергиите на храна

Редакција

Македонски Телеком доби награда за корпоративна филантропија

Редакција

Бебето Бехра родено на ГАК со 665 грама заминува дома со 2.190 грама

Редакција