еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најтопло во јули: Летово ќе биде со натпросечни температури и просечни врнежи

Летово во земјава се очекува температурите да го надминат повеќегодишниот просек.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), надминувањето на температурите може да достигне и до три степени Целзиусови речиси на целата територија, а најголемото позитивно отстапување на температурите на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули.

– Со голема веројатност се очекува летото оваа година да биде потопло и со просечни врнежи. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, летните температури се очекува да достигнат надпросечни вредности.

За територијата на Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до три степени целзиусови речиси на целата територија.

Најголемото позитивно отстапување на температурите на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули, соопшти УХМР.

Многугодишниот просек (1981 – 2010) за температурите на воздухот во летната сезона се движат од 16 степени во планинските предели до 25,3 степени во Гевгелија.

Врнежите се во границите од 23,9 милиметри измерени во Штип до 96,7 во Маврово.

Многугодишниот просек (1981 – 2010) на температурите на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 21,9 степени, 24,2 и 23,9 степени.

Многугодишната (1981 – 2010) просечна количина на врнежи во Скопје за овие три месеци е 44 милиметри, 37,6 и 34,4 милиметри.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во изолација потворно околу 108 милиони Кинези бидејќи корона вирусот се враќа

Редакција

Владата ги повика операторите: Ќе се бара решение да не дојде до медиумски мрак во земјава

Редакција

Филмот „Сестри“ е македонски кандидат за Оскар

Редакција