еМагазин
Image default
Свет

На Трамп со закон му се забрани да ги повлече САД од НАТО

Претставничкиот дом во САД одобри закон со кој се забранува американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече државата од НАТО.

Законот „За поддршка на НАТО“ беше одобрен со 357 гласа „за“ и 22 „против“.

Со него се предвидува „спречување на какви било обиди на претседателот да ја напушти Алијансата и забранува користење буџетски средства за таков чекор“, појасни еден од подносителите – Џим Панета од Демократската партија.

Законот го поддржува препораките државите членки на НАТО да одвојуваат најамалку два отсто од БДП за одбрана и предлага давање значителни средства за т.н. Европска иницијатива за одговор на руска агресија.

Пред неколку дена „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп минатата година предложил САД да се повлечат од НАТО.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мапа: Црниот биланс од коронавирусот порасна на 305 лица, прв смртен случај надвор од Кина

Редакција

Израел мобилизира 300.000 резервисти по нападот на Хамас

Редакција

(Вознемирувачки видеа) И деца загинаа во нападот на православната црква во Газа

Редакција