еМагазин
Image default
Свет

Израел ќе извезува канабис за медицински цели

Израелската Влада е подготвена да дозволи извоз на канабис во медицински цели, соопшти денеска Министерството за финансии на Израел.

Министерствотро наведе дека со закон, за кој ќе се гласа в недела, ќе се дозволи извоз на канабис за медицински цели во земјите кои дозволуваат негова употреба.

Законот ќе отвори нов пазар за израелските производители, со што ќе се зголеми инвестирањето во земјоделството и ќе се отворат нови работни места.

Владата проценува дека извозот може да донесе приход од една милијарда шекели (околу 272 милиони долари).

Во Израел осум компании одгледуваат канабис од кои повеќето отворија фарми во странство за да излезат на меѓународниот пазар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заканата од трета светска војна навистина постои и е сериозна, предупредува Лавров

Редакција

(Вознемирувачко видео) 20 лица загинале во Доњецк во наводен напад на украинската војска

Редакција

Пронајдени траги од експлозив: Гасоводите Северен тек 1 и 2 биле цел на саботажа, потврди Шведска

Редакција