Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари.
Според податоци на ДЗС, најголемата просечна-нето плата во овој период е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува 84.019 денари, следи Воздухопловен транспорт – 63.289 денари, па Останати стручни, научни и технички дејности – 53.843 денари, Производство на основни фармацевтски производи и препарати – 53.353 денари и Финансиски и услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 49.787 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде е исплатена највисоката просечна бруто-плата во ноември
Просечната нето-плата во ноември 33.011 денари
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.