еМагазин
Image default
Македонија

Началник сведочеше на „Монструм“: Сите докази беа заведувани во записници

Чаура од куршум испукан на 12 април 2012 година како доказ била допишана во вкупниот збир на докази на 17 април, односно четири дена после првиот записник во кој биле запишани 20 чаури најдени на местото на убиството кај Смилковско езеро. Дали со тоа се „мести“ обвинетиот Фејзи Азири, беше прашан денешниот сведок В.М. на судењето за предметот „Монструм” од адвокатот Насер Рауфи.

Сведокот, кој бил началник во МВР во Единицата за истраги, рече дека во неговата кариера никогаш не се случила таква работа и дека за сите нови докази најдени за громорозното убиство, биле изготвувани нови записници. Судечкиот совет и обвинителите реагираа на ваквото прашање на адвокатот.

На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи сведокот рече дека не е директно поврзан со возилото „Опел Омега“ кое е предмет во истрагата, но дека бил информиран за тоа.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за „Монструм”

Полициски инспектор негира дека е употребена сила врз Хаки Азири, осомничен во случајот „Монструм”

Началник во МВР сведочеше на судењето за „Монструм“, како сведок предложен и Миле Јанакиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висока бројка на починати од Ковид-19: 24 во болница и тројца во домашни услови

Редакција

Продолжи судењето за „Друмарина“: Бонева со 7.000 докази против обвинувањето за високите патни трошоци

Редакција

Нема пријава, бугарските службеници кои го вандализираа македонскиот клуб пуштени од притвор, инцијатор била една од сопругите

Редакција