еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителката Вилма Русковска го тужи ВМРО-ДПМНЕ, бара отштета од 10 илјади евра

Парите од тужбата за клевета против ВМРО-ДПМНЕ, ако ги добијам, ќе ги донирам за СОС Детското село, најави денеска шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Прво, нагласи таа, побарав извинување и повлекување на спотовите додека траеше предизборната кампања.

„Тоа не се случи и од тие причини преку адовокат ја поднесов тужбата. Сметам дека таа сума е реален износ, повеќе симболичен, а доколку со правосилна пресуда ми биде досуден износот, сакам да го донирам во СОС Детското село“, изјави Русковска, одговарајќи на новинарски прашања за време на паузата на денешното судење за организаторите на „27 април“.

Преку тужба за клевета, Русковска бара 10 000 евра отштета од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи партијата ги користела нејзините име и лик во предизборната кампања.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажни сите пријави за бомби во училиштата во Скопје

Редакција

Денеска и утре протест на вработените во управата и правосудството, нема да работат од 10 до 12 часот

Редакција

Владата даде зелено светло: Лекувањето од Kовид-19 во приватните болници ќе чини до 5.000 евра

Редакција