еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Надлежните да земат цевче за да дишат за да ја сфатат итноста на нашата состојба, порачаа пациентите со цистична фиброза

Пациентите со цистична фиброза утре на пладне ќе протестираат пред Владата, бидејќи, како што велат, се изреволтирани од изјавите на министерот за здравство Беким Сали и на министерот за финансии Фатмир Бесими, дека терапија за цистична фиброза првично ќе добијат осум пациенти кои имаат потешка форма на болеста, и како што најави Сали, ќе се стремат за набавка на лек на 30 пациенти во текот на оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засега само 8 пациенти со цистична фиброза ќе го добијат лекот „трикафта“

-Изреволтирани сме и разочарани од изјавата на министерот за здравство и на министерот за финансии, се надевавме, баравме исклучително писмен документ во којшто ќе гарантираат дека работите ќе се движат и тоа е се со цел затоа што во минатото сме излажани со усни изјави, и затоа сега не можеме да се потпреме на тоа и не можеме да бараме од пациентите повторно, после две и пол години, се уште да го одложиме процесот и да чекаат дека нешто ќе се среди да се потпреме на тоа дека надлежните се одредени личности што се држат до нивниот збор, рече Фики Гаспар од Асоцијацијата за цистична фиброза на денешната прес-конференција.

Тој најави дека ќе го продолжат протестот утре во 12 часот пред Владата и ги повика сите граѓани кои сакаат да ги поддржат, се со цел, како што вели, да го добиеме правото на лек и да се забрза носењето на сите закони кои се потребни и да сфатат дека ние време за чекање немаме.

-Правните работи се нивна обврска, обврска на надлежните и се надевам дека ќе ги решаваат брзо. И после протестот ќе продолжат инсистирањата, ќе продолжат официјалните барања до министерството за здравство, до министерството за финансии, до Фондот и до Владата да има решение, но затоа апелирам до сите вас кои не поддржувавте, утре бидете со нас, за да можеме да покажеме дека за нас само усните ветувања не се доволни, рече Гаспар.

Ивана Атанасовска, претседателка на Асоцијацијата за цистична фиброза, повика на итност надлежните да ја сфатат нивната состојба.

– Јас би сакала да порачам надлежните кога ќе ги носат наредните одлуки да земат една сламка цевче да дишат и низ неа и да ја сфатат итноста на нашата состојба и се надевам дека во тој случај ќе донесат многу побрзо решение и ниеден живот нема да биде загрозен.

Се зголемува бројот на пациенти со влошена состојба посебно заради вакви работи кои дополнително ни го влошуваат здравјето со стресови – дали ќе има одлука, дали ќе нема одлука, па делумна одлука и сето тоа влијае колку на психичкото толку и на физичкото здравје.

И имаме пациенти кои се веќе постојано на кислородна поддршка, но тој број постојано ќе се зголемува затоа што времето нас не ни оди во прилог, рече таа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

1.039 нови случаи на Ковид-19 од 3.143 тестирања, најмногу во Скопје 546

Редакција

Бугарија не отстапува од планот ЕУ-преговорите да се поврзат со нејзините услови за Македонија

Редакција

(Видео) Можат ли камерите на граничните премини да откријат од каде пребегнал Груевски?

Редакција