Бруто надворешниот долг во последното ланско тримесечје бележи квартално намалување од 323 милиони евра, односно 3,3 отсто, додека нето надворешниот долг бележи раст од 299 милиони евра односно 9 проценти, покажуваат редовните статистички податоци на Народната банка за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска програма.
– На крајот на четвртиот квартал од 2021 година, бруто надворешниот долг изнесува 9.547 милиони евра (или 81,4 отсто од проценетиот бруто надворешен производ (БДП)) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра (или за 3,3 проценти).
Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.909 милиони евра (или 50,4 отсто од проценетиот БДП) и остварија квартално намалување од 622 милиона евра (или за 9,5 проценти), се наведува во извештајот.
Народната банка посочува и дека нето надворешниот долг изнесува 3.638 милиони евра (или 31 отсто од проценетиот БДП) и е зголемен за 299 милиони евра или за 9 проценти.
Од аспект на структурата и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 59 проценти, посочуваат од Банката.
Во текот на четвртиот квартал од 2021 година негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 176 милиони евра и изнесува 7.308 милиони евра, што претставува 62,3 отсто од проценетиот БДП за 2021 година.