еМагазин
Image default
Локално

Намален бројот на новозаразени од Ковид-19 во Прилеп, но смртноста не стивнува

Намален е број на новозаразени, но и на пациенти кои се лекуваат во ковид-центрите во прилепската болница. Сепак, сѐ уште не стивнале бројките на смртните случаи во Прилеп. Овие се основните информации од прилепскиот Центар за јавно здравје за епидемиолошката слика во градот во поглед на корона вирусот во изминатата недела.

Според информациите, изинатата седмица, во периодот од 21 до 27 декември, во Прилеп имало 210 нови случаи на Ковид-19, а поради последиците од коронавирусот починале 20 лица.

Бројот на активни случаи е 636, од кои 478 лица се наоѓаат на домашно лекување, 72 на болничко, а 86 се лекуваат во дневната болница, а на кислородна поддршка се наоѓа 41 пациент.

Ситуацијата дека 72 лица се на болничко лекување и е под 100, укажува, според наделжните, дека е забележано смирување во поглед на новозаразените, но и за зголемување на оздравените пациенти.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.188 лица од Прилеп.

Инаку, од почетокот на пандемијата се вкупно 4.137 заразени лица, а починал210 лицa. Надлежните од Центарот за јавно здравје постолано упатуваат апели за внимателно славење на празниците и без собирања и групирања.

МИА/Фото: Општина Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воислав Димитровски нов в.д. директор на ЈП „Лајка“

Редакција

Воз удри во товарно возило, повредени две лица

Редакција

Тешко повреден скопјанец по удар од возило

Редакција