еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Армијата засилена со 200 професионални војници, догодина со уште 250

Нови 200 професионални војници денеска се приклучија во редовите на Армијата на Република Северна Македонија, а министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која им посака добредојде во Армијата, која е членка на НАТО, најави дека во првата половина од 2021 година ќе бидат дополнително примени уште 250 професионални војници.

Таа информира дека 120 припадници на Армијата, за кратко време ќе бидат произведени во подофицери.

На свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, министерката Шекеринска во обраќањето пред новите професионални војници нагласи дека инвестирањето во Армијата започнува со инвестиции во човечкиот потенцијал, затоа се одржува политика на постојано прифаќање и ангажирање нови млади припадници и се води политика на многу чести приеми на нови професионални војници.

– Вашиот денешен ден е почеток на интересно и возбудливо патување како армиски професионалци. Ќе ги осознаете вашите граници, ќе ја тестирате вашата цврстина, трпеливост, знаење, волја и слично.

Ќе сфатите дека да се биде во Армијата не е само професија, туку и начин на живот. Униформата ќе ве направени дополнително почитувани и дома и во заедницата. Затоа носете ја гордост и со чест, им порача министерката за одбрана.

Шекеринска укажа на тоа колку се подобрени работите во Армијата на С Македонија, кога се вложува пред се во луѓето во Армијата, во опрема, во плати, во додатоци на плати. Сликата драстично се смени, подвлече, за 70 места минатиот пат, потсети, имавме 700 кандидати.

Армијата, им порача Шекеринска, не е институција која ги гледа низ призмата на нивното име и презиме, низ призмата на етничка припадност или вера или кое било друго прашање, овде, истакна, ќе функционирате под принципот сите за еден и еден за сите.

После долгиот процес на тестирања и проверки, на овие 200 кандидати од вкупно пријавени 1.800, за Шекеринска е знак дека Армијата во своите редови добила млади луѓе, доволно подготвени, квалитетни, упорни и посветени.

Министерката за одбрана Шекеринска меѓу другото потсети дека во изминатите три години се зголемени сите надоместоци на припадниците на Армијата кои учествуваат во меѓународни мисии, на дневниците за време на вонредна и кризна состојба, наградени се и пилотите кои учествуваа во серија на пожари што ја зафатија државата, сега се наградени медицинските сестри и доктори од Батаљонот за воено медицинска поддршка, кои се рамо до рамо со своите колеги во јавното здравство.

Со приемот на новите 200 професионални војници, вкупната бројка на новопримени во изминативе три години е 830 лица.

Шекеринска информриа дека оваа пролет ќе започне голема вежба на армискиот полигон Криволак, на која ќе учествуваат над 2.000 припадници од повеќе сојузнички армиии.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски против бугарските барања да се внесат во преговарачката рамка

Редакција

Нови 53 случаи на Ковид-19, нема починати

Редакција

Министерството за труд и социјална политика до Обвинителство достави кривична пријава за злоупотреби на пензискиот систем

Редакција