Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 13 до 19 август покажуваат дека се тестирани вкупно 28.972 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,2% во однос на минатата недела.
“Регистрирани сe 3.340 нови позитивни случаи од 32 градa во државата, за 3,7% помалку од минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 7,8% до 14,3%, просечно 11,4%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.669; 50,0%)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела 143 деца до 9-годишна возраст се заразиле со Ковид-19
За една недела 23 лица повторно се заразиле со Ковид-19
За една недела 154 смртни случаи од Ковид-19 во 29 градови, најмногу во Скопје