еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За една недела 143 деца до 9-годишна возраст се заразиле со Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 13 до 19 август покажуваат дека се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи.

“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=979, 29,3%).

Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=143; 4,3%).

Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има зголемување за 50,5% и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2%.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.595 (47,8%) лица од машки и 1.745 (52,2%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.441 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, намалување од 12,8% во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 23 лица повторно се заразиле со Ковид-19

За една недела 154 смртни случаи од Ковид-19 во 29 градови, најмногу во Скопје

Намалување од 3,7%: За една недела 3.340 нови случаи на Ковид-19

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евроамбасадорот Гир е во Собрание, ја следи седницата за „францускиот предлог“

Редакција

За Фрчкоски бегството на Груевски е скандал за државата, грешката е кај МВР

Редакција

СЈО: Како може судика истовремено да работи и за УБК?

Редакција