Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 3 до 9 мај покажуваат дека се тестирани вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4% во однос на минатата недела.
“Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000.
Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најголемо намалување на бројот на заболени со Ковид-19 кај лицата до 39 години
Фото: МЗ