еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Намалување од 39,3%: Минатата недела 1.069 случаи на Ковид-19

Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 29 август до 4 септември тестирани се вкупно 4.984 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 14,8% во однос на минатата недела (n=5.850).

“Регистрирани сe 1.069 нови позитивни случаи од 31 градови во државата, со намалување од 39,3% во однос на минатата недела (n=1.762).

Процентот на позитивност се движи од 9,8% до 23,3%, просечно 19,9%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=564; 52,7%).

Највисока инциденца е регистрирана во Берово (165,3/100.000), Кавадарци (101,2/100.000), Скопје (92,9/100.000) и Кратово (92,8/100.000)„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минатата недела пет смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се додека Ердоган е претседател на Турција, нема „да„ за Шведска и Финска во НАТО

Редакција

Дигитализацијата и забрзаниот економски развој, во фокус на годинешниот Самит на Македонија 2025

Редакција

Горан Милевски реизбран за лидер на ЛДП, порача дека нема да го подржи предлог законот за амнестија

Редакција