еМагазин
Локално

Нападнато момче во паркот „Жена Борец“: Го расекле со нож откако не им дал пари

На 25.08.2018 година во 01,30 часот во Полициска станица Центар, Џ.Б.(57) од село Црн Врв, скопско, пријавил дека на 24.08.2018 година околу 21,10 часот на улица „Филип II Македонски“, поточно во парк „Жена борец“, додека неговиот 17 годишен син се движел пеш, неколку лица му побарале пари и откако истиот не им дал, физички го нападнале, при што едно од лицата со нож му нанел расекотини, а потоа го напуштиле местото на настанот, информира МВР.

Момчето се упатило во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој се ќе настапи: Организиран пречек на Нова Година на плоштадот во Прилеп

Редакција

Измамиле 87-годишен пензионер при набавка на огревни дрва

Редакција

Почина жената која беше претепана од неготинецот со кој била во вонбрачна заедница

Редакција