еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка: Инфлацијата до август на годишно ниво, 11,6%

Просечната инфлација во периодот јануари – август 2022 година изнесува 11,6% на годишно ниво и главно произлегува од надворешни фактори на страната на понудата, соопшти Народната банка.

– Најголем придонес за растот на домашната инфлација има порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електричната и топлинската енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија.

Но, нивниот подолготраен и посилен раст создава преносни ефекти и врз цените на останатите производи и услуги и дополнително ги подгрева инфлациските очекувања, што упатува на потребата од водење претпазливи домашни политики.

Во изминатите неколку месеци кај цените на храната се забележуваат поизразени надолни приспособувања на светските берзи, што во следниот период може да доведе до надолни приспособувања и кај домашните цени.

Воедно, надолни се и ревизиите и на очекувањата за раст кај дел од овие цени.

Сепак, неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите е нагласена поради воените случувања во Украина, се наведува во соопштението од Народна банка.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 331 оздравени од Ковид-19

Редакција

Мицкоски го одби Заев, не гледа потреба да присуствува на лидерската средба во петок

Редакција

Историски чин: Вселенската Патријаршија ја призна македонската црква за канонска, повеќе не е во раскол со сеправославниот свет

Редакција