еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски го одби Заев, не гледа потреба да присуствува на лидерската средба во петок

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не ја гледа потребата да присуствува на лидерската средба на која повика премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев за петок во 14 часот.

-Господинот Зоран Заев повикува на лидерска средба, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за се, за се и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денес и потребно на Република Македонија, датум кога ќе имаме предвремени праламентарни избори, рече Мицоски на прес-конференција во партиското седиште.

Средбата, според него, би била непотребен театар, бидејќи, како што наведе, „покрај оние стенд-ап настапи во Владата и покрај она себехрабрење што го кажува Заев дека секогаш е подготвен да излезе на избори, самиот тој  е соочен со сопствениот страв од дебакл на такви избори“.

Потсети дека тој бил првиот кој го повикал премиерот да сорабтуваат за датум за избори. Таа понуда траеше со денови, кој беше одговорот од власта – ја отфрли подадената рака и одговори со прогон на сегашни и актуелни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, но и со поранешни, рече Мицкоски и запраша како да имаат средба со така дијаметрално спротивни ставови.

Посочи дка работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ интензивно работата околу законот за јавното обвинителство, но ставовите и натаму се многу спротивни. Една од црвените линии била Катица Јанева, но за тоа, како што наведе, сега не се ни дискутира.

Минатата недела имало првичен состанок на работните групи и се разговарало за пописот, а истовремено подолго време работните групи разговараат и за изборниот закон.

-Моментално позициите, како што рече, се дијаметрално спротивно.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Села ја прифати поканата за лидерска средба: „Добро е што премиерот ја чувствува силата на Алијансата за Албанците“

Заев ги кани Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба во петок

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германскиот Бундестаг утре и официјално со зелено светло за преговорите

Редакција

Шпанија ја поддржува евроатлантската перспектива на Западен Балкан, порача шефот на шпанската дипломатија од Скопје

Редакција

Не е реално да се очекува повторно отворање на Преговарачката рамка, сите партии да си ги преземат своите обврски, вели Борел

Редакција