еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Каматните стапки на кредитите во октомври бележат намалување

И во октомври се забележува тренд на намалување на просечната каматна стапка на кредитите која според податоците на Народната банка изнесува 4,68 отсто и има намалување од 0,02 процентни поени на месечно ниво и 0,37 процентни поени на годишно ниво.

Просечната каматна стапка пак на вкупните депозити е задржана на нивото од 0,98 отсто од претходниот месец, додека на годишна основа има пад од 0,30 процентни поени.

Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити бележи раст од 0,22 процентни поени на месечно ниво и изнесува 4,21 отсто.

На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,05 процентни поени.

Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележано минимално месечно зголемување од 0,01 процентни поени и изнесува 0,77 отсто. Во однос на октомври минатата година, оваа каматна стапка е намалена за 0,42 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во октомври има месечно намалување од 0,03 процентни поени и изнесува 3,77 отсто.

Во октомври, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи зголемување од 0,22 процентни поени на месечна основа и изнесува 4,04 отсто.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е пониска за 0,28 процентни поени во однос на октомври 2019 година. Каматната стапка на новопримените депозити кај овој сектор е намаенаи за 0,07 процентни поени и изнесува 0,67 отсто.

Во однос на претходниот месец каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа пад од 0,02 процентни поени и изнесува 5,51 отсто.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,49 отсто и е пониска за 0,02 процентни поени на месечно ниво. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во октомври забележа минимален месечен пад од 0,01 процентни поени и изнесува 0,95 отсто.

Во октомври, просечната каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата изнесува 0,87 отсто, што претставува месечен раст од 0,09 процентни поени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на 12 возила за прва помош

Редакција

„Аутомакедонија“ оствари добивка од два милиони денари за три месеци

Редакција

Владимир Ефтимоски повторно назначен за претседател, а Наташа Несторовска за член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција