еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Научникот Иван Грозданов не отиде на прием кај Царовска: Политичарите на многу начини ја одмагаат, па и ја згаснуваат науката

Научникот Иван Грозданов не одговорил на поканата на министерката Мила Царовска за прием на шестмината научници кои се дел од 2% најцитирани и највлијателни научници во светската наука за 2020 година (според анализите на колеги од универзитетот Стенфорд, САД).

Причините за таа одлука ги образложи на неговиот фејсбук-профил.

1) Таа констатација за мене и моите пет колеги не дојде од наши институции, туку од странски колеги/универзитет. Затоа, нашите политичари немаат морално право да си ловат партиско-политички поени за ова. Барем јас не се ставам во служба на ничие дневно-политичко саморекламирање.

2) Ниту една досегашна влада во МК немала ни слух ни определба пристојно, континуирано и систематски да ја помага науката во нашата земја. Напротив, политичарите на многу начини ја одмагаат, па и ја згаснуваат. Важни им се само партиски профитабилни инвестирања.

3) Во мојот случај, партиско-политичките попречувања одеа до таму што бев принуден и изработката и одбраната на мојата докторска дисертација да ги правам по туѓи земји – во еден вид политичко прогонство. Овде бев брутално спречен дури и да пријавам докторска дисертација, токму преку партиско-политичките структури и на универзитетот и многу пошироко. Само поради мојата аполитичност и христијански светоглед.

4) Исто така, сите мои влијателни научни трудови се извршени во друга земја, со нивна логистичка и финансиска поддршка. Овде ниту имав услови, ниту поддршка. Оттаму, не гледам зошто министерката за образование и наука би се гордеела, барем во мојот случај. Попрво треба срам да ја фати.

5) Пред неколку месеци ѝ пишав на дотичната министерка во врска со некои образовни прашања – не бев удостоен ни со одговор. Како и нејзините претходници, бездруго и таа си рекла: „Кој е овој, да му одговарам! Не сум го видела на ниеден партиски собир!“

6) На лично ниво, не чувствувам никаква чест да одам на свечен прием кај министерка која во најчувствителната област на образование на нашите деца, програмата за образование по ткн. „Сестрано сексуално образование“ ја доверува на хомосексуално-лезбејски здруженија, чиј промотор е и самата министерка. Тоа е како да им довериш на проститутките да ги учат децата на морални вредности. Со заложба токму на оваа министерка, не само што се озаконија и истополови бракови, контроверзни родови идеологии, туку се работи на тоа, кај децата да се внесат искривени морални вредности за половите машко и женско, за бракот и семејството. Токму оваа министерка турка закони и образование во насока на уривање на јавниот општествен морал – нешто, што допрва ќе го почувствуваме.

Има уште, но и ова нека биде доволно. И јас нешто да бојкотирам!

П.С. Инаку, професионална чест ми е што дури 4 од нас 6 научници во ова рангирање, сме хемичари од ПМФ – Институт за хемија, Скопје, а двајцата најмлади беа и мои студенти. Честитки, колеги, држете се!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царовска се сретна со највлијателните македонски научници на светско ниво: Заеднички работиме на унапредување на нашата наука

Шест македонски научници се најдоа на листата на топ 2% најцитирани и највлијателни научници на светско ниво

Фото: Фејсбук/Грозданов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Двете ќерки на најстарата излечена пациентка од корона вирусот, даруваа конвалесцентна плазма за да спасат нечиј живот

Редакција

Денеска почнува Велигденскиот пост: Лесни и богоугодни пости

Редакција

Украински свештеник со велосипед тргнал на аџилак во Ерусалим, но короната го „зароби“ во Струмица

Редакција