еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не дојде сведок на одбраната: Одложено судењето против Мухамед Зеќири

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ се одложи за 24 октомври, откако во Основниот кривичен суд денеска не дојде предвидениот сведок предложен од одбраната, за кој беше приложен доказ за причината за отсуство.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Општините Струмица и Карпош го напуштаат ЗЕЛС, незадоволни се од индиферентниот однос

Редакција

Нови 564 случаи на Ковид-19 од 3.526 тестирања, бројот на активни случаи изнесува 17.128

Редакција