еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Не ни требаат донатори за загадувањето, туку политичка лоботомија и нови приоритети

Лавина реакции на социјалните мрежи и воопшто во јавноста предизвика најавата на Владата дека ќе бара помош од донатори за да за справи со загадувањето на воздухот.

Граѓаните со право реагираат ако се земе предвид дека Македонија располага со буџет чија расходна страна има 3,7 милијарди евра и од кој се трошат пари за се и сешто, а најголем дел оди за исплата на плати во администрацијата и пензии.

Наместо да преземе решителни мерки какви што се постепена, но целосна замена на печките на дрва со алтернативни грејни тела во домаќинствата, забрана за движење со автомобили или воведување такса за движење низ центарот на Скопје и другите градови и воведување бесплатен јавен превоз, забрзана гасификација на градовите, на власта и е полесно да ја полни администрацијата со нови вработувања за што доказ се стотиците нови огласи за вработување.

Истовремено, Владата во буџетот за следната година одвои смешни 1,5 милиони евра за борба против загадувањето, што е стотици пати помалку отколку парите што се одвојуваат за платите на партиските нововработени.

Затоа, нас не ни е потребна помош од донатори, туку помош во промена на размислувањата на политичарите во однос на тоа дека буџетот е нивен паричник, туку на граѓаните, а во овој момент прироритет е борбата против загадувањето, а не новите вработувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „гневен“ за загадувањето: „Со влакната во носот против ПМ честички“

(ВИДЕО) Шилегов на расправата за аерозагадувањето во Собрание си играше игричка на мобилниот

Почист воздух можеби ќе дишеме за 2 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 387 болни од Ковид-19

Редакција

Познат редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Редакција

Постојат технички проблеми за издавање на „зелениот пасош“, за кои верувам дека наскоро ќе се надминат, вели Филипче

Редакција