еМагазин
Image default
Балкан

Не постои нешто во Договорот од Преспа што не може да се спроведе, вели портпаролот на СИРИЗА

Навистина сме многу горди за Договорот од Преспа, бидејќи сметаме дека два балкански народа покажаа дека може да постои начин на соработка и начин за мир, нешто што не е воопшто лесно во конкретниот регион, рече портпаролот на СИРИЗА, Насос Илиопулос за време на брифингот со странските дописници во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

По повод реакциите од Грција за фудбалската репрезентација, одговарајќи на прашањето на МИА, дали можеби договорот остава простор за различни толкувања на одредени одредби, Илиопулос вели дека вклучени се сите гаранции за доколку се појави било каков проблем или несогласување да се реши со разговор и соработка.

-Сметаме дека очигледно и во двете земји постојат сили кои не сакаа и не сакаат да се спроведе договорот. Ние, од наша страна ќе направиме сè што можеме за да притиснеме на патот кон соработка.

Сметаме дека договорот ги содржи сите гаранции за доколку постои некое прашање, да се разговара за тоа и да се решава, во контекст на соработка. Не постои нешто во договорот што не ни дава можност да се спроведе, сите критични точки се таму на степен до кој постои политичка волја, објасни Илиопулос.

Во однос на трите меморандуми со Северна Македонија кои од средината на септември се доставени во грчкиот Парламент, меѓутоа сè уште не е одреден датум за нивна ратификација, портпаролот на СИРИЗА вели дека немаат никаква информација кога би биле донесени, но истакнува дека тие континуирано притискаат, бидејќи сметаат дека меморандумите се „многу важни и за соработката на двата народи и за грчките интереси“.

-Сметаме дека потпишавме договор што одржува оптимална рамнотежа што може да постои меѓу интересите на двете земји. И да ја отворам геополитички пошироко дискусијата: особено во период кога постојат сите прашања, кои за жал, постојат од турска страна, клучно, за грчката надворешна политика е да се обезбедат добрососедски односи со сите останати соседи.

Навистина, оној кој мисли дека треба да го саботира Договорот од Преспа, буквално пука во нозете на земјата, истакна Илиопулос за време на брифингот со странските дописници во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА ја одби жалбата на Грција: Кратенката „МКД“ е во согласност со Договорот од Преспа

Кодовите МКД и МК се во согласност со Преспанскиот договор, вели министерот Маричиќ

Што пишува во Преспанскиот договор за кратенката МКД и дали ФФМ треба да си го смени името?

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Силен земјотрес во Хрватска: Се пребројуваат жртвите и повредените

Редакција

(Видео) 77-годишен човек во Бугарија почина додека чекал ред да купи масло за јадење во редица долга 600 метри

Редакција

Бранислав Лечиќ за обвинувањето за силување: „Гнасна лага која се обидува да ме дискредитира“

Редакција