еМагазин
Image default
Македонија

Не повикав и не побарав широка коалиција, споделив идеја вредна за размислување, вели Заев

Премиерот Зоран Заев вели дека тој не понудил широка коалиција која би требало дасе случи сега туку оти само ја отворил темата. А, таква широка влада, вели, би можела да се случи за еден месец, после локалните избори, од следните парламентарните избори и тоа според него е модел на владеење кој може да биде најдобар за државата.

„Јас ниту сум побарал, ниту сум повикал на широка коалиција. Јас споделив една идеја која е вредна за размислување, нека размислува нашиот народ,“ рече Заев во дневникот на телевизија Сител.

Тој вели дека заедно може да се направи повеќе за државата да биде поефикасна, посредена.

– Можеме да направиме поголема ефикасност, да си ја средиме државата, да си го здушиме народот. Ни стигнуваат пораки – застанете еднаш заедно, застанете за една работа заедно, да ве видиме некогаш како заедно работите за државата. Ние ќе ве гласаме на избори, некој ќе губи, некој ќе добива, но одработете за државата, рече Заев.

Тој тврди дека може да имаат повеќе пратеници и од опозицијата за поддршка и тоа веројатно ќе се случи.

-Понудата може да се случи за еден месец, после локални, може да се случи од следните парламентарни избори… Но, треба некој да ја отвори оваа тема. Ова е дел од мојата нова политиката, рече Заев.

Тој додаде дека идејата за новата политика ќе ја презентира и пред членството, затоа што, како што потенцира, тоа треба да знае дека кандидатот за претседател има и вакви намери – да не биде себичен да ја зграпчи власта и да владее сам.

-Не, ќе ја споделиме власта со сите иако сме победници, затоа што и како СДСМ, и како Заев и како членови на сите други политички партии постоиме заради Македонија, Северна Македонија. Тоа е нашата цел, рече Заев.

Тој вели дека таква споделена власт има во Германија, каде како, што рече ЦДУ и СПД се заедно со децении, потоа во Швајцарија каде тоа е континуирано.

-Идејата е тоа да биде континуирано. На следните избори ќе победи СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не може да победи. Па СДСМ ќе има доминација во Владата, но во неа ќе биде и ВМРО.

Можеби на некои наредни ќе победи и ВМРО, па таа ќе биде доминантна. Така и во албанскиот блок, така и во помалите партии, рече Заев.

Тој е убеден дека ваква власт подобро ќе му служи на народот од било која друга комбинација, особено, како што рече, ако има разумни луѓе од двете страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ денеска со друг став за понудата на Заев: “Пактови со мафија нема“

ЛДП не го бендиса предлогот на Заев: “Ако си се сакаат, нека си се земат“

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест починати од Ковид-19, кај сите регистриран коморбидитет

Редакција

Речиси исполнети капацитетите на охридската болница за сместување пациенти со Ковид-19

Редакција

Вкупно 26 заболени од корона вирусот: Позитивни се резултатите и на тројца пациенти тестирани во „Жан Митрев“

Редакција