еМагазин
Image default
Македонија

Не се исклучува можноста спорот со Бугарија во ЕУ да се решава напролет по тамошните избори

Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Ана Писонеро, изјави дека Комисијата и натаму се надева дека преговорите со Северна Македонија ќе почнат што поскоро, но одби да ги коментира изјавите на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева поврзани за југословенската историја на земјава, јави дописничката на МИА од Брисел.

По изјавата на Захариева дека “славењето на Тито“ е некомпатибилно со ЕУ, Писонеро порача дека Комисијата „не коментира коментари“, но додаде дека „условите за зачленување во ЕУ се прилично јасни“.

Најавената блокада од Бугарија на утрешниот министерски состанок на кој треба да се усвои преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија не ја обесхрабрува Европската комисија.

– Нашиот став е јасен, Европската комисија се залага првата меѓувладина конференција да се одржи што е можно поскоро, за ова да се случи сите се свесни дека е потребен договор во Советот (земјите членки – н.з.), невозможно е да се предвиди, но јасно е дека ги охрабруваме двете страни да ги засилат напорите за изнаоѓање решение, изјави портпаролката на денешниот редовен брифинг на Еврокомисијата.

Таа потврди дека Комисијата останува во контакт со германското претседателство чија цел е преговорите со Северна Македонија да започнат до крајот на оваа година, додека во исот време Комисијата продолжува да контактира и со Скопје и со Софија.

Што се однесува до барањето на Бугарија да се додаде поглавје во преговорите со Северна Македонија во кое би се вклучиле бугарските барања, Писонеро не сакаше да коментира.

– Не ги коментираме индивидуалните ставови на земјите членки, потребен ни е договор за текстот од сите земји членки, Комисијата го поднесе својот предлог во јули и тој ќе биде објавен само откако ќе има договор во Советот, изјави Писонеро.

Според дипломатите во Брисел, се очекува многу брзо нова иницијатива на германското претседателство, во наредните денови, за да се приближат позициите на Скопје и на Софија со надеж дека ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција пред крајот на германското претседавање со ЕУ, но надежите се мали.

Дипломати од земји членки за МИА велат дека бугарската позиција е „многу тврда“ и не се исклучува прашањето да биде одложено за по изборите во Бугарија, што треба да се одржат во март идната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брисел сѐ уште се надева дека Скопје и Софија можат да постигнат компромис

(ВИДЕО) 300 илјади граѓани во 1947 година го пречекаа во Бугарија „диктаторот“ Тито

Љубчо Георгиевски: Ветото на Бугарија ќе биде континуитет на бугарската катастрофална политика

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арафат Муареми се повлече од функцијата директорот на Управата за финансиска полиција

Редакција

МНР: Вратени 118 македонски граѓани од Малта, се организира и враќање од Хрватска

Редакција

Богдановски од ДОМ поднесе оставка, СДСМ со пратеник плус во Собранието

Редакција