Курдската милитантна група ПКК негираше вмешаност во бомбашки напад во Истанбул, велејќи дека не врши напади врз цивили, се вели во соопштението објавено на нејзината веб-страница .
„Не доаѓа предвид ние да насочиме напад врз цивили на кој било начин“, соопшти Курдската работничка партија (ПКК), отфрлајќи ги тврдењата на Турција дека таа и сириската курдска милиција, Единиците за народна заштита (ИПГ) се одговорни за експлозијата во која загинаа шест лица.
Сириската курдска милиција ИПГ се истакна како добро организирана вооружена група за време на сириската граѓанска војна. Тие воспоставија упориште на северот на земјата по повлекувањето на сириските владини сили и се поврзани со главната фракција на сириските Курди, Партијата на Демократската унија (ПИД).
Турција смета дека ПИД и ИПГ не се разликуваат од Курдската работничка партија (ПКК), која е на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Жена главен осомничен за бомбата во Истанбул, уапсени уште 45 лица
МИА/Фото: Унсплеш