еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница Усје

Цементарницата Усје објави неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во фабриката, за периодот од 30.11.2018 – 06.12.2018 година.

Извештајот покажува дека емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон (видете ги табелетите за ротирната печка 3 и 4 во табелите во галеријата).

Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

Ротирна печка 3 не е во погон од 03.12.2018 поради состојби на пазарот на цемент и овој застој ќе се искористи за ремонтни активности на производната линија.

Извештаите можете да ги следите редовно на нивната веб страната, ОВДЕ.

Производството запира доколку филтрите не работат

Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина

Кога печките на Цементарница УСЈЕ работат, тие работат 24 часа

Цементарница УСЈЕ пораи технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

Производството на цемент е поинтензивно лете, отколку зиме

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо лете, отколку зиме.

Цементарница УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи, медиумите во кое и да е време да ја посетат компанијата и да добијат орговори за сите прашања од интерес.

Контакт e-mail: [email protected]

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земени мостри од местото каде се испуштаат хемикалиите во реката Брегалница

Редакција

Студија: Во светот би се испуштале речиси 700 милиони тони помалку штетни гасови ако сите возат велосипед

Редакција

Дел од Осоговските Планини, Студенчишко блато и Водно стануваат заштитени природни подрачја

Редакција