еМагазин
Image default
Македонија

Недостасуваат половина попишувачи од македонската, турската и ромската заедница во Гостивар

На последниот ден од рокот на конкурсот за попишувачи, во Гостивар нема доволно пријавени според предвидениот број. Недостигаат 14 попишувачи Македонци, 7 Турци и двајца Роми. Местата за попишувачи Албанци и инструктори се пополнети.

Според првиот човек на Општинската пописна комисија (ОПК), потребната опрема, односно лап-топите со која ќе се спроведува пописот е стигната. Во тек се обуките на инструкторите и наскоро ќе почне селекцијата на кандидатите.

Претседателот на ОПК, Назми Јусуфи напоменува, доколку за слободните 23 места не се јават кандидати, тие ќе се пополнуваат според насоките и уредбите на Владата.

Јусуфи упати апел до сите политички субјекти, институции и организации да помогнат и да се ангажираат во оваа активност, во спротивно успешноста на статистичката операција може да биде доведена во прашање.

Конкурсот за пријавување попишувачи и инструктори беше објавен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.

Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.

Во тек е електронското самопопишување на државјаните кои се на привремена работа или престој во странство.

Досега, според податоците објавени на веб страницата на Државниот завод за статистика, преку апликацијата за самопопишување се евидентирани вкупно 190.359 лица од дијаспората.

Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува пописот на населението, домаќинствата и становите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ ќе поднесе амандман доколку постои можност да бидат амнестирани осудени од „Монструм“, најави Ковачевски

Редакција

Ученикот заврши на Хируршко: Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга

Редакција

Судењето за „Меѓународен сојуз” продолжува на 26 мај

Редакција