еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ученикот заврши на Хируршко: Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга

Професор со метален предмет денеска околу 13.30 часот повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга.

Ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница Арменд Арслани.

– Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13.45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување, изјави Арслани за МИА.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец.

– Во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо“ го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот, изјави Димоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канцелариите за врски во Атина и Скопје стануваат амбасади

Редакција

Владата ги утврди предлог – измените на Законот за попис

Редакција

Владата побарала од функционерите и советниците писмена гаранција за етичко однесување

Редакција