еМагазин
Image default
Интервју

Неколку глобални и локални свадбени совети со професионалецот Анастасија Плужникова, сопственик на Alikas wedding and event center

Исклучителноста на Вашиот настан зависи од магичниот допир на Вашите организатори и домаќини. Нивното искуство и професионализам е најголемиот арсенал за Вашиот најголем и најзначаен ден. Тие редовно ги следат трендовите и влијанијата во светот на свеченостите.

Еден од најпопуларните тимови на професионалци во Македонија, кој воедно е воден од Благоја Велковски, е тимот на Аликас.

За тие кои не го знаат, Благоја е добитник на голем број награди за својата работа со храна, и е еден од најдобрите мастер шефови во Македонија кој за Аликас создаде менија коишто содржат уникатни јадења за вкусовите дури и на најприбирливите.

За да се запознаеме повеќе со нивната клучна премиса која ќе го направи сечиј свадбен ден празник на љубовта, и за да дознеме за најновите локални и глобални трендови разговаравме со сопственичката на Alikas wedding and event center, Анастасија Плужникова.

Што е тоа што ја прави една свадба уникатна?

– Запрашајте се што е уникатно… Која е дефиницијата на уникатноста и каде може да ја најдете? Тоа сте Вие, тоа е Вашата љубов и Вашата среќа. Вашата свадба ќе биде незаборавна кога ќе дадете нешто лично, нешто од себе. Моментите кои ќе ги креирате со Вашиот допир и Вашиот вкус се најважни. Сите сме различни и се пронаоѓаме себе во нашите мисли и чекори.

Воедно, најголемиот дел од нас и во таа различност ја наоѓаат љубовта. Затоа, кога и да се видиме со Вас пред големиот ден, ние сакаме да Ве запознаеме за да го најдеме изворот на Вашата уникатност и да го направиме Вашиот ден за Вас. Таа е премисата која нѐ одделува од останатите и затоа сме носители на свадбените трендови во Скопје. Ние го создаваме тоа што за секој сонува.

Само што кажавте дека ги остварувате соништата на сите Ваши гости. Како го правите тоа?

– Редовно ги следиме глобалните трендови, и секогаш целиме кон нивно адаптирање на локалните влијанија. Еден пример би можело да биде тоа што во целиот свет сѐ повеќе и повеќе луѓе сакаат својата љубов да ја прослават на отворено и во природна атмосфера, додека кај нас самите временски услови се непредвидливи и затоа нудиме спој на двете.

Самиот ресторан се протега на голема зелена површина до 600м2 и собира 200 до 400 гости каде на прекрасно зеленило може да се одржи самата свадба. Но, кога имаме непредвидена ситуација, или свадба во зима, можеме да се адаптираме и во затворена просторија, во салата за свечености можеме да направиме сите да се чувствуваат како надвор во природа.

Воедно, салата за свечености е предвидена за летни и зимски свадби, што значи дека во лето се отвора од сите три страни и има подно ладење, а во зима се затвора од сите три страни со стаклена фасада и има подно греење.

За да го постигнеме ефектот на природа кога е затворено имаме прекрасни “живи ѕидови“ кои ја отсликуваат природата, и преубави тавански дизајни кои изгледаат како облаци кои Ви дозволуваат да се чувствувате како во првичниот сон кој што сте го имале за самата свадба.

Што е првото нешто што луѓето го кажуваат кога ќе стапнат на Вашите прагови?

– Јас секогаш кога доаѓам се чувствувам облиена со емоции како да сум завиткана во свила. Толку ми е пријатно и драго што кога и да се погледнам во огледало можам да го видам тој поглед кој секој го има кога доаѓа кај нас. Се надевам дека се чувствуваат како мене. Некои ми кажуваат дека влегуваат во нов свет, во бајка. Аликас привлекува со својот изглед, но тие најмногу се изненадуваат од можностите кои ги имаат.

За својата свадба имаат одличен избор на неколку менија за исклучително гастрономско уживање, се чувствуваат сигурно без разлика на тоа кој временски услов може да го очекуваат затоа што секогаш можат да ја искористат свечената сала која е толку прекрасна што секој се чувствува како да е надвор во природа.

Од друга страна имаат и одличен простор за матично каде што клучното „Да“ на невестата и младоженецот е момент на кој засекогаш ќе се сеќаваат. Имаме и нешто што секоја невеста ќе ја остави без здив, мала просторија само за неа.

Што е најубавото нешто што мислите дека ќе го видите на свадбите кои ги очекувате во 2019та година?

– Најискрено се надевам дека ќе видам уште многу прекрасни и опуштени луѓе, отворени од љубовта која ја имаат еден за друг и кои зрачат со среќа. Но, нешто што е тренд во светот и што често го гледам во странство, а помалку го има кај нас, се специфичните свадбени фустани.

Еден од најубавите трендови кои го зафатија светот е тоа што невестите носат фустани кои не се симетрични. Свилена прерамка го покрива едното рамо, а другото е голо оцртувајќи ја нејзината силуета. Сакам да го видам тоа и кај нас затоа што и јас лично сакам да го избегнам конвенционалното. Тоа се гледа во Аликас каде создаваме нешто што не е шаблонски и е причина за секој ден да имаме задоволни клиенти.

Дали мислите дека во Македонија ќе дојдат светските свадбени трендови?

– Во Аликас, и во Македонија, светските свадбени трендови веќе се тука. Ние ги прилагодуваме на вкусот на секој кој ќе стапне во нашиот ресторан нудејќи го нашето искуство кое никого нема да остави рамнодушен. Затоа секој ден имаме сѐ повеќе повици и барања за организирање на свадби во Аликас. За секој кој сонува за свадбата која можеме само ние да му ја дадеме, го повикуваме да побрза затоа што има голем ризик за оваа година да се резервираат сите слободни датуми уште денес.

Нудите многу повеќе отколку што би очекувал некој и очигледно е дека сте пожртвувани во тоа што го правите. Сепак, што е тоа што Вие најмногу го сакате во Вашата работа?

– Љубовта. Нема ништо поубави од неа. Организираме и сме домаќини на десетици видови настани, од бизнис конференции до хуманитарни предновогодишни забави за деца без родители. Кај секој настан се чувствувам исполнето и убаво, но кога гледам двајца заљубени како го прославуваат почетокот на еден нов живот и како ја зацврстуваат својата љубов јас сум таму со нив, на облаците и во бајката која ја нуди само Аликас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Масимо Андолина, претседател на регионот Европа во ФМИ: Сè повеќе луѓе, свесни за здравствените последици од пушењето, се префрлаат на IQOS

Силвана Жежова

Уметноста го менува светот и покрај сите органичувања

Редакција

Режисерот на хит-серијата „Беса“, Стоименов: Балканот е неисцрпен извор на инспирација за уметниците

Редакција