еМагазин
Image default
Локално

Неколкумина лица повредени во сообраќајка во Сопиште

На 23.10.2020 во 18,20 часот било пријавено дека во Сопиште-скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(36) од Скопје, патничко моторно возило “матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(47) од Скопје, патничко моторно возило “цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Ѓ.(70) од Скопје и автобус “лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(40) од Скопје, информира МВР.

Во незгода со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “фиат пунто“ Б.А.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле Д.А., И.Б. и сопатник од возилото “матиз“ на возраст од 16 години од Скопје констатирани во Градската опшата болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор од 30 дена за осомничениот за убиството на сопругата во Гостивар

Редакција

Измама во Тетово: Полициски советник му зел 5.000 евра за да ја „вработи“ ќерката

Редакција

Битолчанец и скопјанец од скопскиот аеродром директно во полиција

Редакција