еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак: Сите армиски инфраструктурни објекти се безбедни

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информира дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени 5 тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој е присутен во околината на Армискиот полигон „Криволак“, поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово брдо“.

„Во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и истиот поради слабиот интензитет на ветерот нема зафатено поголема површина на западната страна на „Орлово брдо“.

Армиските и инфраструктурни објекти од особено значење се на безбедно растојание од 5-7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот и истите согласно армиските процедури дополнително се обезбедени и со инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина согласно проценките.

Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека во текот на денешниот ден во утринските часови со пилотите од воздухопловниот ВИНГ интервенирајќи непрекинато 3 часа соисфрлени 42 тони вода во атарот на населеното место Богданци, со што беше спречено да се префрли пожарот кон населени места и помогна истиот да се стави под контрола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар на армискиот полигон Криволак

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Радица Ристеска

Редакција

Апанажата на разрешените функционери пред укинување – Уставен поведе постапка

Редакција

Новинарите кои известуваа за време на крвавиот 27 април од Собранието ќе поднесат тужба против државата

Редакција