еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, се преземаат сите мерки за зачувување на стандардот на граѓаните, велат од Владата

Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, граѓаните да бидат смирени, не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи, порачаа денеска од Владата.

Од таму истакнуваат дека со државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните.

Како што соопшти владината прес-служба, моментно нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви.

Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а како Влада ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто, велат од Владата.

Истовремено апелираат трговците да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи, бидејќи, потенцираат, од оваа одлука нема никој да загуби.

Според Владата, граѓаните треба да бидат сигурни и во најавите на Централната банка, која изминатите денови информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен и таков ќе остане. Оваа монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот, укажуваат, е соодветна стратегија во линија со фундаментите на македонската економија.

Согласно оваа потврда за стабилноста на курсот се девизните резерви кои се клучната алатка при ваков тип на монетарната стратегија кои според последно расположливите податоци изнесуваат околу 3,4 милијарди евра што е двојно повисоко ниво во однос на 2008 година на глобалната финансиска криза, наведуваат од Владата.

Информираат и дека се во редовна комуникација со сите релевантни општествени чинители, како и со меѓународните институции, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, за евентуално доколку има потреба да се користат инструменти кои ќе помогнат во финансирањето на трошоците во економијата на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши: Нема место за паника кај граѓаните, не се очекуваат ценовни шокови-трговците да ја почитуваат одлуката за замрзнување на маржите

Пченица и брашно ќе има, нема потреба од паника, вели претседателот на Групацијата за мелничко-пекарска индустрија, Малишиќ

Денарот е стабилен и нема зголемување на курсот на еврото, велат од Народна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Многу тешко до двотретинско мнозинство за уставните измени во овој Парламент, вели Пендаровски

Редакција

Кај 26-годишник во Македонија регистриран флурон, има и грип и Ковид-19

Редакција

(Фото) Разрешување на Јовески и правда побараа граѓани на протестот за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција