еМагазин
Image default
Свет

ТикТок ја отфрли понудата за купување од Мајкрософт

Кинеската компанија Бајтденс (ByteDance), сопственик на популарната апликација ТикТок, го извести Мајкрософт дека нема да го продава американскиот бизнис, а наместо продажба, договорено е партнерство со корпорацијата Оракл.

– Бајтденс нè извести дека нема да ги продава американските операции на ТикТок на Мајкрософт. Убедени сме дека нашиот предлог беше добар за корисниците на ТикТок и заштитата на интересите на националната безбедност, се вели во соопштението на Мајкрософт.

Бајтденс се откажа од продажба на ТикТок во САД, а добро информиран извор за некои американски медиуми изјавил дека кинеската компанија се согласила да соработува со Оракл за да избегне забрана за деловно работење во САД.

Договорено е Оракл да биде технолошки партнер на Бајтденс и да го преземе управувањето со американските кориснички податоци на ТикТок, рекол изворот.

Оракл преговара и за преземање на уделот во работењето на ТикТок во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп во август му даде рок на Бајтденс да го продаде или суспендира американскиот дел од работењето на својата апликација ТикТок, или во спротивно кинеската апликација ќе биде забранета во САД.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Риши Сунак ќе биде првиот британски премиер со индиско потекло

Редакција

Украина го одби ултиматумот на Русија за предавање на Мариупол

Редакција

(ВИДЕО) Младата активистка Тунберг им го „плесна“ на светските лидери: „Како се осмелувате, ми ги украдовте соништата и детството“

Редакција