еМагазин
Image default
Бизнис

Нема промена на цената на бензините и дизелот, РКЕ ја намали цената на екстра лесното

Малопродажната цена на бензините и дизелот не се менуваат оваа недела, намалување, одлучи Регулаторната комисија за енергитика (РКЕ), да има кај екстра лесното масло за домаќинство за половина денари.

Согласно одлуката цените остануваат на ниво утврдено со одлуката од 17 август и ќе се продаваат Еуросупер БС-95 по 59,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 по 61,50 денари за литар, Еуродизелот ќе се продава по 52 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51,5 денари за литар.

РКЕ ја намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,085 денари за килограм и ќе се продава по 26,28 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,352 отсто или за 5,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 0,365% или за 1,350 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,708 % или за 2,550 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,361% или за околу 1,000 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 51,97 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 највисоки плати во октомври

Редакција

Во третиот квартал раст од 5,5% на прометот од продажба на услуги

Редакција

„Оилко“ ја зголеми добивката

Редакција