еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Промена на учебниците, справување со говорот на омраза, нема реципроцитет за Македонците во Бугарија: Османи го престави Протоколот

Реципроцитетот е принципот содржан во Протоколот, кој денеска во Софија беше потпишан од министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, а кој, како што појасни Османи на денешниот брифинг со новинарите во правна форма претставува записник од состанок, во кој се прави пресек на постигнатите резултати од дијалогот и меѓусекторската соработка во периодотт 2019-2022.

Со оглед на тоа дека меѓувладината комисија не се состанала од 2019 година, по бугарското вето, во денеска потпишаниот докумнент е содржан периодот од три години, а вообичаено е овој документ се потпишува еднаш годишно.

Османи денеска пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот, кој освен податоците за политичкиот дијалог, средбите, работата на меѓусекторските групи, ги содржи и точките од пакетот четири плус еден и што се очекува од двете земји во тие области согласно Договорот за добрососедство.

Поддршката за евроинтеграцијата на Македонија е составен дел од Протоколот, а тука се појаснува одржувањето на првата Меѓувладина конференија со ЕУ, која во случајот на земјава е поделена на две фази политичка конференција, почеток на процес на скрининг, а потоа и втората конференција и отворање на поглавјата, но откако Македонија ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

Османи денеска истакна дека скринингот почнува веднаш по меѓувладината конференција на 19 јули.

Република Бугарија изјавува подотвеност да се согласи да се одржи првата политичка меѓувладина политичка конференција со ЕУ со разбирање дека следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, каков што е бугарскиот народ, се наведува во Протоколот.

-Согласно францускиот предлог, задутре се одржува меѓувладина конференција, потоа трае скринингот, година и половина, по завршување на скринингот има втора меѓувладина конференција, за неа нема нова одлука на Европскиот совет, туку утре во 18 и 30 се носат одлуки за двете конференции и за првата пред скринингот и за втората по него, со тоа што втората е условена со уставните измени, рече Османи.

Тој нагласи дека дел од други народи, значи истото што го имаат другите заедници, во земјава, односно делот, каде што стои српскиот, влашки, ромски народ…продолжува делот хрватски, црногорски, бугарски народ. Вели дека ова не е новина, споменувајќи ја тука Хрватска, која во својот Устав внесува 25 заедници пред да стане членка на Унијата.

Во документот е наведено дека Владата на Македонија се согласува следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговрите за членство да се одржи откако во сила ќе влезат измените на Уствот за вклучување на оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата, а се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивни спроведување.

-Тука имаше шпекулација, како може Владата да презема обврска во име на Собранието. Значи Владата не презема обврска во име на Собранието, туку Владата се согласува дека втората конференција ќе се случи, откако Собранието ќе донесе одлука за внесување на заедниците, додаде Османи.

Бугарската Влада, пак, веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ, согласно конечниот предлог на Француското претседателство, изразува подготвеност да ги повлече своите резерви за склучување на предлог-договорот меѓу ЕУ и Македонија за статусот на Фронтекс.

Во однос на тоа каде е реципроцитет за правата на македонското малцинство во Бугарија, Османи одговори дека уставното уредување на Бугарија не признава етнички заедници, како што не признаваат ниту уставите на Франција, Грција.

-Таму има еден милион Турци, кои не може да регистираат турска партија, тоа е системот на уредување, такви се и Франција и Грција. Уставот не препознава организирање на граѓаните на етничка основа. Кај нас Уставот е поинаков.

Претпоставувам тоа било причината во 1999 година во заедничката декларција меѓу тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, кој параграф е реафирмиран во член 11, став пет од Договорот за добрососедство и сега РСМ потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може или не треба да преставува мешање во внатрешните работи на Бугарија. Тоа е единствената асиметрична позиција во Договорот, нагласи Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не го признава македонскиот јазик, Протоколот е составен дел од „францускиот предлог“, вели Генчовска

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се условите за патување во Турција: Донесена одлука во врска со ПЦР тестовите

Редакција

Владата формира оперативен тим за борба против криминалот и корупцијата

Редакција

Ослободен битолчанецот кој го уби зетот, делото го сторил во самоодбрана

Редакција