еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, во режија на Дејан Пројковски, премиерно во Народниот театар „Јордан Х.К. – Џинот“ Велес

Пиесата „Нема струја за електричниот стол“ од современиот бугарски писател Александар Секулов, во режија на Дејан Пројковски, ќе ја има својата премиера на 08.4.2023, со почеток во 20:00 часот, на сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес, како прва премиера за годинава.

После големиот успех на претставата „Инферно“, за чии изведби и натаму се се бара билет повеќе, ова е втора соработка на Пројковски со Велешкиот театар. Покрај режисерот Пројковски, зад претставата стојат: Сашо Димоски како драматург, Филип Коруновски како автор на сценскиот дизајн и плакатот за претставата и коавтор на видеодизајнот и анимациите заедно со Борче Конзулов, музиката за претставата и нејзината изведба во живо е на Сашко Костов, а камерите во претставата се на Данчо Стефков и Александар Костов.

Актерската изведба им е доверена на Васил Зафирчев – во улогата на осудениот на смрт и Исидор Јованоски во улогата на Леонард.

Александар Секулов е еден од најзначајните современи бугарски писатели, преведен на многу јазици во светот. Неговиот опус, остварен во драмата, прозата и поезијата, закитен е со најпрестижните бугарски награди – каков што е и случајот со „Нема струја за електричниот стол“ – пиеса која во 2016 година ја добила престижната награда за современа бугарска драматургија – „Аскер“.

Дејан Пројковски е еден од најзначајните театарски режисери во регионот. Во неговото портфолио стојат голем број маркантни наслови од историјата на светската драма и книжевност, реализирани во најзиначајните театарски куќи, закитени со најважните театарски награди.

Оваа црна комедија, изведена во дуодрамскиот формат, иновативниот сценски јазик на Пројковски е изграден во колизијата меѓу актерската игра на сцена и користењето на филмскиот кадар во функција на сценското дејство. Приказната е сместена сред апокалиптична околност во која се сместени двата ликови – оној кој е осуден на смрт со електричен стол и оној кој треба да ја изврши осудата.

Дијалогот пласира луцидна, иронична и саркастична приказна која низ мултинаративен систем генерира уникатно сценско доживување.

Овој мултимедијален проект има за цел да ги преиспита границите меѓу сценското дејство, филмскиот израз и видеоанимацијата преку постојаното претопување на различните медиуми во единството на театарската претстава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ продолжува да ги поддржува украинските бегалци: Бесплатни места се уште се достапни на летови од соседите

Редакција

Адора со поддршка на младиот мото крос талент Антонио Дамјановски – македонската „Златна кацига“

Редакција

Поради големиот интерес, изложбата на илустрации на Кондовски ќе биде продолжена до 15 ноември

Редакција