еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Немаат симптоми: Две лица од Тетово од исто семејство заразени со делта сојот

Без симптоми се двете лица од исто семејство од Тетово кај кои е откриен делта сојот на Ковид-19, информираат денеска од тетовскиот Центар за јавно здравје. Освен што немаат никакви симптоми од болеста, карактеристично е што кај нив случајно е откриено присуство на коронавирусот кој е од најновиот делта сој.

-Двете лица се од исто семејство и правеле ПЦР тест за да се вратат во Германија каде што работат и живеат.  При тоа е откриено дека имаат Ковид-19 и дека е од делта сој.

Двајцата се асимптоматски случаи и е постапено според соодветната процедура, ставени се во домашна изолација. Контактите, другите членови од семејствтото што се кажани се исто дома во изолација и сите се следат секојдневно, изјави епидемиологот во Центарот, д-р Сузана Субашиќ.

Во Тетово има 24 активни случаи на болни со Ковид-19, а во Клиничка болница нема луѓе кои се на болничко лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешкиот градоначалник Коцевски смирува дека нема место за паника, откако кај граѓанин е откриен делта сојот

Повеќе од 50 деца со респираторен вирус во гевгелиската болница некои од нив на кислород: Делта сој или вирусот ја „помешал“ сезоната

Кунгуловски за СП: Невакциниран и непрележан човек има многу мали шанси да не се зарази со делта сојот

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре времето облачно, постудено и со обилни врнежи

Редакција

„ДУИ во опозиција. Зошто да не?„: Твитер реакции

Редакција

Доктор Беќаровски најави дека заминува од Клиниката за токсикологија

Редакција