еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Немам проблем со посетата на рускиот митрополит Антониј додека е во рамки на црковната дипломатија, вели Пендаровски

Посетата на рускиот митрополит Антониј на земјава и неговата вчерашна средбата со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, според претседателот Стево Пендаровски, е исклучиво во рамки на т.н. црковна дипломатија.

Тој нагласи дека лично нема проблем со се што се движи во тие рамки, имајќи предвид, како што рече, дека Руската црква ја призна Македонската православна црква.

„Не мислам дека ја руши државата,“ истакна Пендаровски во одговор на новинарско прашање за посетата по отворањето на Амбасадорска тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија членка на ЕУ до 2030 година“ во организација на Советот на амбасадори.

Пендаровски потсети дека е познато оти рускиот претседател Владимир Путин ја користи црковната дипломатија како „една од своите алатки во светот да ја оправда војната во Украина и оние ѕверства што ги прави таму“ и доколку целта на посетата на митрополит Антониј било тоа, тогаш тој не би ја поддржал.

„Но, до овој момент мислам дека средбите беа само во рамки на Црквата и се разговараше само за црковни прашања,“ додаде шефот на државата.

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан вчера во седиштето на Архиепископијата во Скопје се сретна со директорот на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква (РПЦ) и викар на патријархот на цела Русија, Кирил, митрополитот Антониј, кој беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов и од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Бездникин.

По средбата митрополитот Антониј изјави дека дошол во Скопје за лично да му го честита именденот на г.г. Стефан и оти се радува за автокефалноста на МПЦ-ОА.

– Овде сме како претставници на РПЦ за да искажеме честитки за неговиот именден којшто беше пред неколку дена. Донесовме братски пораки и поздрави од нашиот патријарх, рече Антониј.

Портпаролот на МПЦ-ОА, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј изјави дека целта на посетата на митрополитот Антониј е „да одржи пријателска средба со поглаварот на МПЦ-ОА, да му го честита именденот и Божик, како и да поразговараат“, без да открие детали за разговорите.

За денеска е предвидено е архиепископот Стефан и митрополитот Антониј да одржат заедничка архијерејска литургија во Лесновскиот манастир.

Дел од медиумите во земјава, но и во Бугарија, повикувајќи се на „црковни извори“, претходно објавија дека митрополитот Антониј доаѓа во Скопје со цел е „да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ“.

Според истите извори, митороплитот Антониј во декември минатата година имал „тајна“ средба со бугарскиот патријарх Неофит во Софија, по која Синодот на БПЦ одлучи „да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што разговараа Г.г. Стефан и рускиот митрополит Антониј

МИА/Фото: Руска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Александар Георгиевски, новиот градоначалник на Илинден

Редакција

Новиот министер за правда Маричиќ ја презеде функцијата од Дескоска

Редакција

Косово во знак на благодарност што Македонија гласаше за негов влез во Интерпол, може да ги испорача лицата кои ги бара македонската полиција

Редакција